Ова е една од најголемите филијали на ПроКредит банка, која со својот модерен дизајн и проширени капацитети нуди современо искуство за своите клиенти кои можат брзо и лесно да пристапат до сите модерни банкарски услуги.
ПроКредит Банка продолжува со активно ширење и модернизирање на својата мрежа. Вчера официјално започна со работа новата експозитура во Куманово, во строгиот центар на градот на улицата Моша Пијаде број 18, во рамките на трговскиот центар Сума.
Ова е една од најголемите филијали на ПроКредит банка, која со својот модерен дизајн и проширени капацитети нуди современо искуство за своите клиенти кои можат брзо и лесно да пристапат до сите модерни банкарски услуги.
Покрај современиот ентериер и дигиталните услуги, клиентите на банката ќе наидат и на тим од посветени професионалци, стручни да понудат брза и персонализирана услуга, како и советодавна поддршка за своите клиенти со цел да донесат правилни и информирани одлуки.
„Во ПроКредит Банка задоволството и удобноста на нашите клиенти се наши најголеми приоритети. Токму затоа остануваме посветени на континуирано унапредување на мрежата на филијали со решенија кои ќе ги задоволат потребите и ќе понудат технолошки напредни решенија. Пример за ова се 24/7 зоните, опремени со модерни банкомати коишто во секое време овозможуваат уплати и исплати во денари и евра, како и користење на сефови за дневен промет за бизнис корисниците“, велат од ПроКредит Банка.
Покрај подобреното искуство за клиентите, новата филијала овозможува и попродуктивна и поудобна работна средина за своите вработени, зголемувајќи ја нивната ефикасност и задоволство.
По филијалата во Куманово се очекуваат нови и модернизирани решенија за уште неколку постоечки филијали, но и отворање на нови локации. Сите информации за услугите во 24/7 зоните се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.