BlackRock, со седиште во Њујорк, достигна нова рекордна вредност на средства под управување од 10,6 трилиони долари (10 илјади и шестотини милијарди долари), стимулиран од раздвижените пазари на капитал.  И покрај ова, компанијата само малку ги надмина очекувањата во однос на приходите, додека нето-приливите паднаа, пишува Financial Times.

 

BlackRock, најголемиот светски инвестициски фонд, достигна нова рекордна вредност на средства под управување од 10,6 трилиони долари (10 илјади и шестотини милијарди долари), стимулиран од раздвижените пазари на капитал.  Колку да се има претстава, 10,6 трилиони долари е колку бруто домашниот производ на Германија, В. Британија и Франција заедно.

И покрај ова, компанијата само малку ги надмина очекувањата во однос на приходите, додека нето-приливите паднаа, пишува Financial Times.

Во кварталот што заврши на 30 јуни, BlackRock објави приход од 4,81 милијарди долари, што претставува зголемување од 8 отсто на годишно ниво. Аналитичарите анкетирани од Bloomberg очекуваа приход од 4,84 милијарди долари. Нето приходот се зголеми за 9 отсто на 1,5 милијарди долари, додека прилагодената бројка од 1,56 милијарди долари ги надмина очекувањата од 1,47 милијарди долари.

Средствата под управување се зголемени за 1,7 отсто во однос на претходниот квартал. Сепак, нето-приливите од 82 милијарди долари беа под очекувањата од 112 милијарди долари, поради падот на долгорочните текови.

„BlackRock го реализира најширокиот потенцијал што сме ги виделе последниве години. Органскиот раст беше поттикнат од приватните пазари, активните фиксни приходи во малопродажбата и растечките текови во ETF, кои го имаа својот најдобар почеток на годината досега“,  рече извршниот директор на Blackrock, Лери Финк.

Пред две недели, BlackRock го објави купувањето на Preqin, приватен провајдер на податоци за пазарот, продолжувајќи да го зајакнува своето присуство во сегментот на алтернативни средства и технологија. И покрај овие успеси, акциите на BlackRock заостанаа во поширокиот финансиски сектор во текот на изминатите шест месеци, зголемувајќи се само 3,5 отсто од почетокот на годината до денес, во споредба со приносот  од 12 отсто за финансиските компании во рамките на индексот S&P 500.