Капиталните проекти најголеми губитници, општините најголеми добитници. Со ребалансот на буџетот скратени се скоро 2,6 милиони евра од инфаструктурните инвестиции. Занително кратење има во патната инфраструкуира за изградба на Коридот 8 и 10 д. Овде од првичните 245,5 милиони евра парите се кратат на 67 милиони евра. Повеќе пари од првичната сума предвидени се само за железницата. – пругата од Коридорот 8 – делницата Бељаковце- Крива Паланка и изградба на заедничка гранична станица Табановце . Овде сумата се зголемува од 31 на 55 милиони евра. Помалку пари има за гасификацијата, од 19 на 13,5 милиони евра, речиси преполовени се парите за изградба на старечки домови и објекти за социјална заштита, за реконструкција на основни и средни училишта, за изградба на студенски домови, каде се скратени над 120 илјади евра . Значителн кратење има и за изгрдбата на нов кличнички центар во Скопје и Штип – од првичниот буџет од 2,5 милиони евра, сега суматата е тројно пониска – само 880 илјади еввра.. Но премиерот Мицкоски вели дека приоритет е изградба на Клинички во Штип – и веќе се работи со серозна компанија
Подобри времиња ќе чекаат и болниците Свети Еразмо во Охрид и Клиниката за хирургија ќе чекаат подобри времења. Од првичните 2 милиони евра, за нивна реконстукција со ребалансот предвидени се 780 илди евра. Општата болница во Кичево од 800 илајди сега ќе добие само 29 илјади евра. Затоа пак , општините ќе добијат двојно повеќе пари. За изградба на локални патишта во 80 општини предвиден се 22 милиони евра, а првично беа планирани 10 милиони.
Инаку, речиси половина од буџетот – 2,76 милиајрди евра ќе одат за социјални транфери, односно за пензии и помош за ранливите , како и за плати на админситративците – 723 милиони евра. Приходите пак се проектирани на 5,1 милијарда евра. Мицкоски уште еднаш истакна дека наследиле катастрофален буџет, без доволно одезбедени пари за плати и пензии. Па затоа уште еднаш го повикаа Јавното обвителство да постапува по допрен глас. Ако не почне постапка – најави дека од септември ќе поднесат и претставка. Инаку премиерот најави и нова помош за земјавата. При крај се приговорите со Европската Унијата за заем од 750 милиони евра, за следните 4 години. Првата трансша се очекува да стигне во септември.