Италија му изрече прелиминарна казна од 121 милион евра на американскиот малопродажен гигант „Амазон“. Причината е сомнеж за изигрување на даночните закони, јави ДПА, пренесува „24Часа.бг“.
Полицијата во Милано ја оправда одлуката со резултатите од истрагите на Обвинителството, кои укажаа на тоа „Амазон“ избегнува да плаќа големи суми данок со поставување нарачки за испорака преку сложен систем на подизведувачи. Тоа е поврзано и со систематската експлоатација на работниците, истакнуваат италијанските власти, цитирани од БТА.
Но, големината на казната веројатно нема да биде многу важна за американската корпорација. Само во четвртиот квартал од минатата година, гигантот во трговијата на мало забележа профит од над 10 милијарди евра.