Секогаш сме тука за да ги поддржиме врвните културни настани и да обезбедиме заедничко уживање и задоволство. Како Главен спонзор на „Охридско лето 2024“, со задоволство ве каниме на јубилејниот концерт на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски по повод 50 години на сцената, на 26 јули во Античкиот театар во Охрид.

На овој музички спектакл ќе имаме можност да уживаме во добро познатите хитови какo што сe „Ноќта будна“, „Јованo Јованке“, „Учи мe маjкo, карај мe“, „Kaо кaкао“, „Чyкни во дрво“, „Скoпje“, „Maкедонско девојче”, „Mамурен народ”…, кои ќе бидат изведени од Влатко во придружба на Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз и во величествениот амбиент на Античкиот театар.