Регулаторната комисија донесе одлука за нова цена на горивата која стапи на сила од полноќ. Има намалување на цените кај сите горива.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и ќе се продава за 81 денар по литар. Цента на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 0,5 денари и ќе се продава за 83 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и изнесува 74 денари по литар.
Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по 71,5 денари по литар, додека цената на мазутот изнесува 44,4 денари по килограм.