Окупаторската и фашистичка идеологија, не секое ниво, од економско поробување – до национално бришење преку автошовинизам и странска брутална интервенција не исчезнува. Само ја менува својата форма. 

Ќе се осврнам на ова првово, економското поробување, бидејќи ако пишувам за ова второво, три дена фермани ни се потребни.

Излезе пред некој ден, трасцедентиранава креатура на побегуљана во Будимпешта, кои пак заедно се исцедоци и испрдоци од разни фашистички штифтунзи, и во духот на добар измеќар и brownie, ја продолжи песната, каде што овој бегалкава застана. А тоа е – тотално, перфидно и бездушно поробување – економско во случајов – на овој ќор народ.

Имено, татковиов асистен изјавува: Ќе го намалиме данокот на компаниите кои имаат над 50 милиони евра профит од 10% на 5%. Како што мастерот му наложил, така квака овај нашиов недокваканиов.

Со други зборови, тие што заработуваат најмногу на овој народ, да плаќаат помалку, за повеќе профит да можат да репатрираат во матичната земја – окупаторска, т.е. mother ship.

Ова е логичен след на ТИРЗ програмата, а овај таткиниов ваквава сулуда реформа ја правда со следнава налудничава, неточна, лажна, дебилна и перфидна изјава: Вкупниов профит на средства во буџетов ќе се зголемел? Со намалување на даноков на овие што прават најмногу профити, приливов во буџетов ќе се зголемел. Како? Ќе доаѓале повеќе странски окупаторски брендови, и ќе му црнчат овие неписмениве за 400 евра плата по тирзовиве.

Сакам да му порачам на таткиниов мајонез, дека има неколку факти на терен, кои ќе ја направат оваа негова лага и конструкција целосно спротивна:

  1. Прво, овде веќе нема невработеност, или официјалната е доброволна, поради огромниот одлив на население. Читај, ќе нема кој да работи во тие новите окупаторски капацитети.
    Пример, во Југозападниов наш регион на Севернава вукојебина, овие капацитети едвај се полнат со Еѓипјани од Ресен и Кичево, кои се носат секое утро со автобуси во работниве логори. А верувам секаде е исто. во другите делови. Истокот е целосно расселен и празен, а Западов не работат припадниците на малцинството со посебни потреби за таа плата.
  2. Овој „пиреј“ кој е останат ( читај трње ) е тотално несоодветен за работа. Како образовно, така и мотивациски. Останат е партискиов пиреј, кој само јавниов сектор го интересира, а нема образование ни вештини за овие нови големи компании кои би доаѓале. Што ќе понудиме? Професионални лепачи на плакати и партиски дудлачи? Високо профилирани продавачи на својата душа за партиско вработување? Торбеши на тендер економијата и бартер размената душа и гз за бугарски пасош? Никој од нив таткин не работи. На сите нив, вие им имате дадено големи ветувања за дремење во државна фотеља.
  3. Односот плати и цени кој е во моментот, и на најкроткиот и најдобар вработен, не му остава простор тој да работи во вакви експлататорски и нискодоходовни ТИРЗ компании, кои исклучиво се тука за ефтин труд и загадување на нашата околина. Едноставно, со ТИРЗ плати не може да се преживее.

За крај, доколку го сака својот народ – таткиниве – треба да го промовираат и поддржат домашниот бизнис и луѓе. Ние да градиме свои бизниси, и ние да водиме. Ние да извезуваме и ние да истражуваме.

Но, странскиот штифтунг-фикен-мајстер тоа не го сака. Им требаат робови. Овие нашиве набавуваат робови, под екстра услови и бонус – без даноци. Продолжете да си го дупите овој глуп народ.

Само кај овој глуп народ, ваква вест, може да нема реакција. Најголемите да не плаќаат – за најмалите да ги носат на грб. Наздравје чорба македонче.

А што прави македончето во овие вруќини… Ко и секојпат… По меани, ракиичка, салатичка, и итарпејовски комбинации – заебисесам- бизниси, кои сете зависат, нели, од горе, од Партијата.

Епа продолжи антико на партијата да му веруваш слепо, да голташ и гегаш, малку ти е… Да продолжиме да го богатиме Ханс, а Стојан нека дудла по партии. Така и му треба на Стојан.

На крајов на денов, што е данок од стотици милиони евра, во споредба со сатисфакцијава што вештеркана Гога не рече Северна. Им покажавне на сите…. Со газојве…

 

Наум Димитровски