Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-30.06.2024 година оствари добивка во износ од 2.844,6 милиони денари, и е поголема во однос на истиот период од минатата година од 2.003,3 милиони денари, што претставува зголемување за 42,0 %.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.503,8 милиони денари и бележат зголемување од 36,5 % во однос на истиот период од минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2024 година истите бележат зголемување од 22,2 % во однос на истиот период од минатата година.
Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2024 година изнесуваат 611,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,7 % во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 111,2%.
Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2024 година изнесуваат 180,4 милиони денари и бележат незначително намалување од 0,6 % во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 110,7 %.
Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2024 година изнесуваат 731,8 милиони денари и бележат зголемување за повеќе од 4 пати во однос на истиот период минатата година што речиси целосно е резултат на значително зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Во рамки на приходите од продажба на преземен имот и опрема најголемо учество имаат приходите од продажба на преземен имот од должниците Еуроникел Индустри ДОО с.Возарци, Кавадарци и Нова Рефрактори ДОО Пехчево евидентирани во месец април 2024 година. Планот е остварен со 195,7 %.
Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2024 година изнесуваат 1.186,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 15,4 % во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените и зголемената амортизација.
Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 469,4 милиони денари, наспроти 266,8 милиони денари во истиот период минатата година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.