Во известување преку Македонската берза, Комерцијална банка објави дека ќе даде понуда за купување на сите обични акции на Стопанска банка АД Битола.

“Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола”, се вели во известувањето.