Јованчев порача: Владиното мнозинство во буџетот за 2025 ќе продолжи уште посилно да ги поддржува земјоделците и земјоделието.
Земјоделието е еден од приоритетите во ребалансот на буџетот за 2024-та година. За жал, земјоделците беа заборавени во буџетот, па така нивните законски права, односно обврските кои треба државата да ги исплати на нивните сметки не беа планирани од страна на претходната власт, вели Зоранчо Јованчев, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
-Со овој ребаланс обезбедуваме 1.7 милијарди денари за исплата на субвенции за земјоделците. Повеќе земјоделците нема да бидат приморани да чекаат за своите напорно изработени пари. Веднаш штом ребалансот ќе биде изгласан овие средства ќе бидат исплатени на нивните сметки. Со овој ребаланс го зголемуваме буџетот на Министерството за земјоделие за цели 17 милиони денари. За програмата за наводнување предвидуваме дополнителни 14 милиони денари. Зголемување има и во другите функции, програми и потпрограми. Дури и со ваков девастиран Буџет, нашиот фокус од земјоделието нема да се промени, истакна тој.
Јованчев порача: Владиното мнозинство во буџетот за 2025 ќе продолжи уште посилно да ги поддржува земјоделците и земјоделието. Земјоделците добија сериозен партнер кој ќе им го олесни секојдневието.