Вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава, според статистиката на ДЗС, која се однесува на првото полугодие од годинава, односно во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3.930 милиони евра и бележи пад од 7,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5.544 милиони евра, што е за 0,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2023 година.
Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави информациите за надворешнотрговската размена на Македонија во првото полугодие на 2024 година
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави информација дека трговскиот дефицит на Македонија изнесува 1 614,0 милиони евра. Наедно, ДЗС објави дека покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70,9 отсто. Вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава, според статистиката на ДЗС, која се однесува на првото полугодие од годинава, односно во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3.930 милиони евра и бележи пад од 7,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5.544 милиони евра, што е за 0,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2023 година.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав, и електричната енергија.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на спроводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.
Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, нашата земја најмногу тргувала со Германија, па потоа со Велика Британија, Грција, Кина и со Србија.