Повеќе од илјада евра му биле потребни на четиричлено семејство во јули за да ги задоволи основните животни потреби, пресметаа синдикатите!
Синдикатите повторно предупредуваат за нови финансиски предизвици за македонските семејства
Сума во висина од 245 денари повеќе од јуни му била потребна на едно четиричлено семејство во Македонија во јули 2024 година за да бидат покриени основните потреби. Имено, во јули, таа сума изнесува(ла) 60.570 денари.
Иако на прв поглед двесте четириесет и пет денари не се многу повеќе од потребите на едно четиричлено семејство како што изнесувало во јуни, сепак, граѓаните сѐ уште ги загрижува трендот на растечките животни трошоци.
Цените на транспортот, здравствените услуги, храната и пијалаците, како и облеката и обувките, се меѓу најзначајните елементи за зголемувањето на животните трошоци. Економистите се согласни дека е неопходно што побрзо да се направат структурни, радикални промени на економските политики, за да се обезбеди економска стабилност и за компаниите, а и да се заштитат граѓаните. Последниве изразуваат длабока загриженост за својата финансиска сигурност.
Во очекување на крупни и радикални промени во економијата, граѓаните со висока доза оптимизам се надеваат дека пред зимата ќе ги почувствуваат првите ефекти од мерките за стимулирање на економскиот раст преку најавените големи инвестиции во клучните сектори и компании.