Трошоците на живот во Македонија пораснале за 0,7 отсто во јули во споредба со јуни, според податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е поттикнато од растот на цените во секторите ресторани и хотели (5,8 отсто), транспорт (4,9 отсто), и рекреација и култура (1,2 отсто). Во истиот период, забележано е намалување на трошоците за облека и обувки (0,5 отсто), храна и безалкохолни пијалаци (0,2 отсто), и комуникации (0,1 отсто).
На годишно ниво, инфлацијата во јули пораснала за 3 отсто, што претставува втор месец по ред на забавување на инфлацијата.