Ирската полиција заплени криптовалути во вредност од 6,5 милиони фунти и уапси двајца мажи и една жена по претрес на куќа во Даблин, објавија денеска медиумите.

Запленувањето е дел од истрагата за продажба на нелегален материјал преку „даркнет“ и перење пари, јавува Би-Би-Си.

Ирското полициско биро за сајбер криминал (GNCCB) соопшти дека се конфискувани „значителни средства“, вклучувајќи ги криптовалутите биткоин и монеро, часовници во вредност од 120.000 и 100.000 фунти, како и две возила во вредност од 220.000 и 190.000 фунти.