На листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за август има 1.992 должници – правни лица (повеќе за 122 од претходната листа) и 3.842 физички лица (повеќе за 68 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето-долг на листата изнесува 11.135.849.458 денари, (повеќе за 413.156.963 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и за придонеси изнесува 10.978.593.260 денари (повеќе за 413.178.579 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.256.198 денари (помалку за 21.616 денари од претходната листа).