Оправдана мерка во услови на раст на инфлација кога системските решенија не се доволни е претстојното линеарно зголемување на пензиите, сметаат експертите, но истовремено нагласуваат дека ваквата мерка претставува притисок врз буџетот и апелираат ад хок решенија да се избегнуваат.
Пензионерите со септемвриската пензија којашто ќе им биде исплатена во октомври треба да добијат зголемување за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија.
Од Сојузот на здуженија на пензионери на Македонија велат дека секое зголемување на пензиите е добродојдено за корисниците, затоа што преку пензиите се обезбедува материјалната и социјалната положба на секој пензионер, но дека треба да се имаат предвид и други важни моменти како што е финансиската стабилност на пензискиот фонд бидејќи е значајно да има доволно средства за редовна исплата на пензиите.