На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, бидејќи се зацврстија очекувањата дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки во септември, па еврото се проби над 1,10 долари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,7 отсто, на 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото падна за околу 1 отсто, па цената на еврото достигна 1,1027 долари. Сепак, американската валута зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,7 отсто, достигнувајќи 147,60 јени.

Слабоста на доларот во однос на повеќето од најважните светски валути е резултат на цврстите очекувања дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки на седницата следниот месец.

Имено, минатонеделните објавени податоци за потрошувачките и производствените цени покажаа дека инфлацијата во САД се уште постепено се намалува, па полека се приближува до целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

Поради ова, пазарот проценува дека има околу 75 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени во септември.