Земјоделците кои го осигурале своето производство од временски непогоди можат да добијат субвенции од Платежната агенција. Финансиската поддршка е 60 проценти од вкупната вредност на полисата но не повеќе од 150.000 денари по корисник. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до крајот на овој месец …
До 31-ви август годинава земјоделците ќе можат да поднесат барања за мерката – помош во премии и осигурување од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1-ви август 2023 до 31-ви јули оваа година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството.
Висината на помошта изнесува 60 проценти од вкупната вредност на полисата но не повеќе од 150.000 денари по корисник.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на агенцијата.
Помошта при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Земјоделецот во прилог на барањето треба да достави и примерок од полиса и тековната состојба од единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата.