Кина отвори истрага за увезените европски млечни производи, јавува Фајненшал тајмс. Истрагата следи откако Европската комисија објави низа дополнителни давачки за увозот на кинеските електрични возила.
Кинеското министерство за трговија соопшти дека истрагата за увозот на млечни производи од ЕУ е поттикната од жалбите на домашните произведувачи на европските субвенции.
Во соопштението се наведува дека истрагата ќе опфати „одредени производи“, вклучувајќи кремови и сирења.
ФТ истакнува дека ова е најсилниот одговор на Пекинг на бриселските тарифи на електричните возила. Кина веќе отвори антидампинг истраги за францускиот коњак и свинското месо од ЕУ, а поднесе и жалба во Светската трговска организација.
Европската комисија соопшти дека Брисел знае за одлуката на Кина да отвори истрага за одредени млечни производи и порача дека „многу детално ќе ја анализира процедурата“.
Европскиот извоз на млечни производи во Кина е проценет на околу 1,8 милијарди евра минатата година, помалку од 2 милијарди евра претходната година, според трговските податоци на Европската комисија, и сочинувал 9,5 отсто од вкупниот извоз на млеко од ЕУ.
Кинеската млечна индустрија наведува дека увозните млечни производи од ЕУ имале корист од вкупно 20 програми на субвенции. Германија е најголемиот произведувач на млеко, путер и сирење во блокот, а по неа е Франција.