Цените на недвижностите се повисоки. Цените на акциите се повисоки. Истото важи и за бројот на Американци кои мислат дека треба да се чувствуваат богати.
Американците во просек веруваат дека треба да имаат нето вредност од 2,5 милиони долари за да се сметаат за богати во 2024-та година, покажуваат резултатите од годишното истражување цитирано од „Bloomberg“.
Износот претставува зголемување од 14% во однос на минатата година, кога според истражувањето на „Charles Schwab Modern Wealth“, потребната сума беше 2,2 милиони долари.
Според Роб Вилијамс, управен директор за финансиско планирање во „Charles Schwab“, идејата за богатство ги комбинира и бројките и емоциите. Зголемувањето на износот што се смета за праг на богатство е симбол и на зголемувањето на трошоците за живот и на поемотивните ставови на Американците, смета тој.
Колку е постар човек, толку е поголема нивната дефиниција за богатство, според студијата. Луѓето од таканаречената бејби бум генерација (оние родени помеѓу 1946-та и 1964-та година) веруваат дека за богатство се потребни 2,8 милиони долари, додека оние на генерацијата „Y“ (оние родени помеѓу почетокот на 1980-тите и средината на 90-тите) сумата е 2,2 милиони долари. Севкупно, нешто повеќе од еден од пет Американци велат дека се „на пат“ да станат богати, а 10% велат дека се веќе богати.
На прашањето каква просечна нето вредност треба да има една личност за да биде финансиски удобен, Американците укажуваат на сума од 778.000 долари – голем пад од минатогодишните резултати и блиску до оние од 2022-ра година. Наспроти позадината на забрзаната инфлација во 2023-та година, вредноста достигна 1 милион долари, највисоко ниво од почетокот на истражувањето во 2017-та година.
Членовите на генерацијата „X“ (оние родени помеѓу 1965-та и раните 1980-ти), од кои многумина финансиски издржуваат деца и постари родители, наведоа највисока сума потребна за да се чувствуваат удобно – 873.000 долари. Тоа е 12% повеќе од одговорот на „бејби бумер“ и 20% повеќе од милениумците.