До почетокот на декември владата ќе исплати К-15 на 84.000 вработени, изјави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан дали наставниците ќе добијат регрес за годишен одмор за годинава.

– Во ребалансот на буџетот се планирани 1 милијарда денари за таа намена. Исплатата ќе се реализира при крајот на ноември и почетокот на декември за да се опфатат што поголем број на вработени, знаете дека вработените по закон треба да работат 6 месеци за да добијат регрес на годишен одмор, што значи ќе бидат опфатени поголем број на вработени– рече Мицкоски.

Тој потсети дека во буџетот за годинава, претходната влада не планирала пари за регрес на годишен одмор за овие вработени.