Согласно Понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка по цена од 3.200 денари за една акција, Управниот одбор на Банката и вработените излегоа со свое мислење.
Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола излезе со позитивен став и вели дека преземањето ќе има позитивни ефекти врз деловното работење на Стопанска банка АД Битола, бидејки со припојувањето, Банката ќе биде дел од една од најголемите банки во Македонија.
Управниот одбор смета дека со зголемувањето на обемот на идните деловни активности, ќе придонесе за задржување на повеќето вработени.
Од друга страна, вработените бараат од Управниот одбор на Банката и од страна на Комерцијална бара јасно да се дефинираат условите под коишто на вработените ќе им се продолжи работниот статус во друштвото коешто презема. Во Спогодбата треба да се утврди како ќе се постапи со останатиод дел од вработените кои нема да го продолжат работниот однос.
Двете мислења за преземањето можете да ги прочитате тука.