Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3  отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5  проценти, а 8.7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.

Статистичките податоци покажуваат дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално расте за 4.7  проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 74.5  процети.

Во истиот период, информира ДЗС, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.4  проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.2  проценти.

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.

БДП во првиот квартал изнсуваше 1,2 отсто, а со ребалансот на Буџетот е проектиран на износ од 2,1 процент.