Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните. На големо, маржата e ограничена на 5 проценти, додека на мало до 10 проценти. Нема екстра заработка на грбот на граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.
Како што велат оттаму, со оваа одлука има помалку трошоци, а останува повеќе за сите. На овој начин се штити и стандардот на граѓаните и станува подостапен училишниот прибор. Меѓу другото оваа учебна година беа обезбедени, за прв пат по 7 години, навремено бесплатни учебници за сите ученици.
– Владата и во иднина ќе спроведува мерки за намалени маржи за трговците кои сакаат да имаат екстра заработка нарушувајќи го стандардот на граѓаните, стои во соопштението.