Народната банка на Кина неочекувано најави дека ги намалува задолжителните резерви кои банките мора да ги поседуваат, со што овозможи засилено кредитирање на економијата.

 

Помалите кинеските банки мораат да држат 15 проценти од депозитите во задолжителниот резервен фонд, а за поголемите банки оваа обврска изнесува 17 проценти. Со новото правило, тие ќе може да ги намалат задолжителните резерви за 1 процент.

Потегот на кинеската централна банка се гледа како една од мерките со кои Кина се обидува да парира на економските удари кои произлегуваат од трговската војна со САД.