Млечните производи се повеќе се барани на пазарот. Предизвиците на сточарите се во недостигот на работна рака и ефективни стратегии за пласманот, но и за битка со климатските промени. Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“.

Пласман има, ама недостига работна рака. Млекопроизводителите не можат да ја навасаат побарувачката на млечните производи, главно сирењето. Но, без работна рака и стратегија за македонските производи и на странскиот пазар, не може да има окрупнување на сточниот фонд, сметаат сточарите,

Треба да ги пресретнеме климатските промени. Имаа стратегии, но нивното ефектуирање не е во чекор со промените на природата.

Манифестацијата „Млеко 2024“ во Прилеп се одржува по шести пат.