Нa девизните пазари курсот на доларот во однос на еврото порасна минатата недела, откако Европската централна банка ги намали каматните стапки, но овој раст беше минимален бидејќи се очекува следната недела и американската централна банка да ги намали каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 101,11 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,1075 долари. Сепак, американската валута ослабе во однос на јапонскиот јен, за 1 отсто, а нејзиниот курс потона на 140,85 јени.

Европската централна банка во четвртокот ги намали клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, по втор пат годинава, со цел да го стимулира растот на економијата на еврозоната.

Така, каматната стапка за рефинансирање на банките во иднина ќе изнесува 3,65 отсто, а каматната стапка на депозитите преку ноќ на банките ќе биде 3,5 отсто. Комерцијалните банки ќе плаќаат каматна стапка од 3,9 отсто за кредитите преку ноќ.

Поради ова еврото ослабе во однос на американската валута, но малку. Имено, се очекува следната недела американската централна банка по неколкугодишно водење на монетарната политика да ги намали каматните стапки.

Во фокусот на инвеститорите минатата недела беа извештаите за инфлацијата во САД, што може да влијае на одлуката на шефот на американската централна банка за каматните стапки на седницата следната недела.

Извештаите за потрошувачките и производствените цени во август покажаа дека инфлацијата се намалува побавно од очекуваното. Но, тие извештаи не го променија верувањето на инвеститорите дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки следната среда.

Прашање е само дали кратењето ќе биде 0,25 процентни поени, што е поверојатно или 0,50 процентни поени. И додека благо зајакна во однос на еврото, доларот остро падна во однос на јапонскиот јен.

Јапонската валута во еден момент ја достигна највисоката вредност во однос на доларот во последните девет месеци, бидејќи поради високата инфлација во Јапонија, можно е наскоро тамошната централна банка дополнително да ја заостри монетарната политика.