Освен берачите од Албанија, годинава за берба на јаболка се пријавиле многу пензионери, на кои ова им е одлична можност за дополнителна заработка. Дневницата за берачите годинава изнесува од 2.000 до 2.200 денари, а овоштарите годинава очекуваат подобар и поквалитетен род од минатата година. -Квалитетот е одличен, родот е добар и има поголеми количества од лани. Во моментот откупната цена на ајдарет е од 17 до 20 денари, а на останатите сорти, муцо, златен и црвен делишес откупните цени се движат од 20 до 23 денари, а лани се откупуваа по 30 денари за килограм, изјави за весникот ВЕЧЕР, Стевче Радевски, овоштар од Преспа.

Годинава овоштарите од Преспа го решија проблемот со недостиг на работна сила. Освен берачите од Албанија, годинава за берба на јаболка се пријавиле многу пензионери, на кои ова им е одлична можност за дополнителна заработка. Дневницата за берачите годинава изнесува од 2.000 до 2.200 денари, а овоштарите годинава очекуваат подобар и поквалитетен род од минатата година.

-Квалитетот е одличен, родот е добар и има поголеми количества од лани. Откупот започна од почеток на септември, засега продажбата добро оди, но цената на поквалитетните сорти е за 20 до 30 отсто пониска од лани. Во моментот откупната цена на ајдарет е од 17 до 20 денари, а на останатите сорти „муцо“, „златен“ и „црвен делишес откупните цени се движат од 20 до 23 денари, а лани се откупуваа по 30 денари за килограм, изјави , Стевче Радевски овоштар од Преспа.

Тој вели дека годинава цената на работната сила е зголемена и освен традиционалните берачи од Албанија има многу пензионери кои сакаат да берат јаболка за дневница. Велат дека поради малите пензии ова им е одлична можност за дополнителен приход.

Радевски вели дека цената работната рака варира, така што во текот на бербата може да се качи или да се намали во зависност од тоа дали ќе има работници. Сега засега е добро и се надеваме дека така ќе биде до крајот на бербата.

Овоштарите се надеваат дека годинава ќе го немаат ланскиот проблем кога големи количини јаболко остана неоткупено поради големиот увоз од најдов поради намалените царини.

-Апелирам до ресорното министерство царините за увоз зеленчук и овошје, како и на јаболко да се вратат на старо и да не се направи истата грешка од лани кога поради пониски царини имаше преголем увоз на јаболка од надвор, а домашните останаа неоткупени. Поради тоа се создаде нелојална конкуренција што резултираше со пад на цената на јаболката. Големи количини останаа непродадени и наместо како конзумно јаболко отидоа за индустриска преработка, додава Радевски.

Овоштарите велат дека годинава родот е добар и ќе има доволно јаболко и за домашниот пазар и за извор и за индустриска преработка.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кои неодамна оствари средба со овоштарите и откупувачите од Ресен рече дека работиме преспанското јаболко да остане препознатлив бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци.

Трипуновски им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад и дека нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.

-Работиме преспанското јаболко да остане препознатлив бренд, а земјоделците од Преспанскиот Регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат, истакна Трипуновски.