Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги одложи консултациите со Москва на неодреден период, потврди за руската агенција Тасс Алексеј Можин, кој е одговорен за Русија во таа глобална финансиска организација.

„Раководството на фондот ја извести руската страна и бордот на директори дека работата на мисијата (ММФ) ќе биде одложена на неодредено време“, изјави Можин за Тас во вторникот, а пренесува турската агенција Анадолу.

„Техничката неподготвеност на мисијата да изврши консултации беше наведена како причина за одложување на мисијата“, рече Можин.

Тој рече дека Русија е свесна дека некои функционери на европските земји јавно ја отфрлиле можноста за продолжување на соработката меѓу Москва и ММФ и дека одржувањето на такви консултации за некои е неприфатливо.

Според Можин, одлуката на ММФ и била пренесена на руската страна во понеделникот, кога мисијата на фондот требало да има консултации со Москва во согласност со членот 4 од Договорот, што според него е тема што е на маса повеќе од една година.

Тој, исто така, рече дека консултациите биле иницијатива на самиот ММФ, при што Русија никогаш не побарала консултации, туку ја пренела својата подготвеност да ја прифати мисијата на фондот.

ММФ се уште не ги коментираше изјавите на Мозин, пишува Anadolu Agency.

На почетокот на овој месец, ММФ објави дека неговата мисија ќе разговара со руските власти на 16 септември, по што тие ќе отпатуваат во земјата на состаноци лице в лице.