Колку намалувањето на маржите на 73 прехранбени производи, кои треба да бидат со со пониска цена – ќе ја намалат сиромаштијата во прескапиот септември. Дел од граѓаните кои ги анкетираше ТВ 24 велат дека секоја одлука која ќе го помогне домашниот буџет е добрододјена но се скептични дали воопшто ќе профункционира
На краткорочен план мерката е добра но не и на долгорочен бидејќи може да влијае на севкупниот бизнис, коментира економскиот аналитичар,Арбен Халили. Според Халили, државата треба да престане да се фокусира да биде увозно зависна и да започне стратегија која ќе биде фокусирана на домашното производство.
Од Сојузот на стопански комори велат дека бизнисот никогаш не среќен кога се интервенира во него. Тврдат дека природен пат на цените треба да биде со згоелмено производство . Замрзнувањето на маржите им е попосакавана од опција од замрзнување на цените .
Производите вклучени во есенската кошница на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска да ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата, меѓу кои и оризот , брашното , тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје.