Во исчекување на примена на новите правила за влез во ЕУ, веќе станува сè поизвесно дека тие ќе значат дополнително усложнување на работата на транспортерите. Асоцијацијата Макам-транс веќе стапила во контакт со МНР да добијат прецизни упатства за постапките кои треба да се спроведуваат од 2025-та …
Новите правила за влез во Германија ќе го намалат бројот на македонски возачи, а негативно ќе влијаат и врз целото стопанство, алармираат превозниците.
Од Асоцијацијата „Макам-транс“ за МТВ велат дека загрижува фактот што и возачите ќе мора да вадат работни визи по примерот на Германија и Швајцарија, со објаснување дека возачите работат за македонски превозници.
Муратовска алармира дека на овој начин не само што се усложнува работата на транспортерите, туку и негативно се влијае врз целата дејност, особено на македонската економија.
Само во Македонија има над 16.000 професионални возачи, а нивната просечна возраст е 50 години. Сите се обврзани да имаат соодветна стручна подготовка и да знаат барем еден странски јазик.
Со новите правила за влез во ЕУ кои стапуваат на сила од 10 ноември, дополнителни проблеми ќе имаат и транспортерите. Примената на новиот систем за влез и излез, ќе бара од патниците да ги регистрираат своите биометриски информации при пристигнување на граничен премин.
Дополнително, со воведувањето на Европскиот систем, граѓаните кои не се членки на ЕУ, ќе треба да аплицираат онлајн за краток престој во ЕУ и да платат такса од седум евра. Откако ќе добијат дозвола за влез, овластувањето ќе важи три години или додека не истече патниот документ.