Македонија и земјите од Балканот се многу назад во европското искуство на електронското тргување или, онлајн продажбата. Надминувањето на културолошките навики и едукацијата и на купувачите и на трговците е неопходна.
Катерина Шукулоска е пет години интернет трговец. Вели, довербата кај купувачите е добра, но треба да се работи на едукацијата. И на потрошувачите и на интернет-трговците. Има нелојална конкуренција, а треба да се зацврсти и логистиката, односно доставата на електронски купените производи.
Граѓаните ги нагласуваат, и правата на потрошувачите и довербата.
Само 53 насто од интернет-корисниците во земјава нарачале или купиле производ, главно облека и обувки. Две третини само еднаш или двапати што е многу под европските практики. Просекот е сличен на Балканот и влијаат културолошките навики. Имаме законска регулатива, ама немаме едукација и на потрошувачите и на трговците. Не се смета дека се загрозени „физичките продавници“, туку е проширена понудата на пазарот.
На онлајн продажбата во Македонија допрва ѝ треба охрабрување, информираност, свесност за безбедносните аспекти, но и мотивираност на потрошувачите.