Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест – плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели.

Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.

Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.

Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде.

Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно.

Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.