Светската економија покажа извонредна отпорност на повеќекратните шокови во последниве години. Инфлацијата се намалува, а големите економии се на пат да ја избегнат рецесијата за која многумина стравуваа дека ќе се случи. Ова го изјави управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, која учествуваше на Самитот за иднината што се одржа во рамките на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН, објави ММФ, пренесува „24Часа.бг“.
Сепак, Георгиева предупреди и дека изгледите за раст се на најниско ниво во последните децении, што значи помалку работни места и помали примања, пренесе БТА. „ММФ очекува глобален раст од околу три отсто во секоја од следните пет години. Тоа е близу еден отсто помалку отколку во децениите пред пандемијата“, нагласи директорот на Фондот.
Сепак, според неа, „ние сме на прагот на извонредна трансформација водена од зелените иновации и технолошки промени“. „Можеме да го искористиме зелениот раст и да создадеме зелени работни места доколку политичарите се бескомпромисни насочени кон трансформација на економиите“, рече Кристалина Георгиева. Технологијата, вели таа, може да го обезбеди многу потребниот поттик за растот доколку се имплементира правилно.