На ден 18.09.2024, Капитал Банка ја отвори својата 14-та експозитура во Гевгелија, лоцирана на ул. Маршал Тито бр.1, влез 1, кат ПР. Со оваа нова локација, Банката уште повеќе ја проширува својата мрежа со цел да ги доближи услугите до клиентите во овој дел на земјата.
Свеченото отворање го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов, кој истакна: „Нашата стратешка цел е да бидеме се поблиску до нашите клиенти и да им овозможиме достапност на квалитетни банкарски услуги во секој регион. Со отворањето на експозитурата во Гевгелија, продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер на физичките и корпоративните клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија.
Ве покануваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и да се информирате за нашата широка палета на производи и услуги за физички и правни лица.
Нашиот тим од професионалци Ви стои на располагање за сите прашања и потреби!”