На Азиските пазари, индексите најголем раст забележаа во енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи, растот на нафтата предизвика поскапување на другите суровини. Азискиот индекс „MSCI AC“ забележа пораст од 0,9%, а енергетскиот индекс скокна за 2,6%. Најголем регионален „победник“ е јапонскиот „CSI 300“ кој е зголемен за 1,1%.

 

 

Оптимизмот на инвеститорите, поттикна подобра проценка на глобалниот економски раст. Глобалната економија, оваа година би требало да забележи раст со  највисока стапка од 2010-та година, се предвидува според анкетата на „Ројтес“ спроведена со преку 500 аналитичари низ светот. Сепак, сеуште постои можност од протекционизам и трговска војна која би можела да го успори овој раст.