Корисници по однос на работно право се најголемиот број од нив и тоа 339.692 од кои семејна пензија примаат над 74.200, инвалидска околу 26 илјади и остатокот старосна пензија. Корисници на пензиски примања од воено право се 750 а од земјоделско 40…
Во државава има 340.482 приматели на пензија. Корисници по однос на работно право се најголемиот број од нив и тоа 339.692 од кои семејна пензија примаат над 74.200, инвалидска околу 26 илјади и остатокот старосна пензија. Корисници на пензиски примања од воено право се 750 а од земјоделско 40.
По структура на пензионери по износ на пензија за јули 2024-та, воената зафаќа 0,22 проценти од вкупните трошоци, земјоделската 0,01 насто, инвалидската 7,65 проценти, а најмногу старосната со 70,30 проценти.
Просечната исплатена пензија во месец јули изнесувала 21.213 според последните статистички податоци. Највисока е воената просечна пензија која достигнува до 29.873 денари а по неа е старосната со 22.858. Најниска просечна вредност е кај земјоделската пензија, 10.897 денари.