CNN воведува платен пристап до материјалите на сајтот
Медиумската компанија Си-Ен-Ен најави дека од почетокот на октомври ќе воведе делумно платен пристап до материјалите на својот сајт за вести CNN.com. „Ќе побараме од корисниците во САД да плаќаат мала месечна претплата за да добијат неограничен пристап до CNN.com“, рече Алекс МекКалум, извршен потпретседател за дигитални производи и услуги на CNN.
Тој објасни дека воведувањето на таксата сè уште не се однесува на „просечниот корисник на веб-страницата на CNN кој чита само неколку написи месечно“. „Само откако корисниците ќе прочитаат одреден број написи, ќе биде побарано да платат, за да продолжат да ја читаат страницата“, забележува Алекс МекКалум. „Станува збор за оригинални документарни филмови, дневен избор на најпривлечно новинарство и помалку реклами.
Компанијата сè уште не прецизирала колкав дел од материјалот на страницата ќе биде достапен бесплатно.