Европската Унија, Велика Британија и САД ја санкционираа Русија поради нејзината агресија врз Украина. Сепак, и покрај овие санкции, Русија најде начин да ја одржи трговијата со Европа. Американскиот институт Брукингс, користејќи ги податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за трговијата, во последните години го мапираше извозот на неколку европски земји во азиските земји, за кои постои сомневање дека реекспортираат европски стоки во Русија, објави Кликс.ба.
Овие земји се Ерменија, Казахстан, Грузија и особено Киргистан. Според Роберт Хачатријан, основач и директор на американската логистичка компанија „Фрајт рајт глобал логистикс“, Киргистан се покажал како клучен за Русија во одржувањето на трговијата со ЕУ и покрај санкциите. Зачудувачки е растот на извозот на ЕУ во Киргистан – тој е 95 проценти. Ирина Цукерман, претседател на безбедносната консултантска компанија „Скараб рајсинг“, истакна дека Киргистан го претставува најефективното средство на Русија за заобиколување на санкциите поврзани со увозот од ЕУ.
„Со реекспортот од Киргистан, на руските потрошувачи им беше помогнато да можат да ги купат најновите автомобили, што ја ублажи економската болка и ги намали шансите за бунт против рускиот претседател Владимир Путин“, рече таа.