Руските златни резерви на крајот на септември годинава достигнаа рекордна вредност од 199,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Централната банка на Русија. На почетокот на септември инвестициите на Москва во златни резерви се зголемија за 5,8 отсто, што влијаеше вкупните резерви на благородниот метал да достигнат рекордна сума. Во моментов уделот на златото во руските резерви е 31,5 отсто, што е рекорд во споредба со 1999 година, кога учеството на златото изнесуваше 32,1 отсто. Најголемо учество на златото во вкупните резерви во Русија е забележано во 1993 година, кога изнесувало дури 56,9 отсто, а најниско во 2007 година – само 2,1 отсто. Минатата недела Банката на Русија објави дека девизните резерви на Русија пораснале на 633,7 милијарди долари според податоците за 1 октомври, додека еден месец претходно тие изнесувале 613,7 милијарди долари, објави Политика.