Во десетгодишна националната стратегија за развој на винарството и лозарството, се предвидува двојно поголем извоз на флаширано вино како и обнова на 30 проценти од лозовите насади и нивно зголемување за 5 отсто. На 4 проценти од лозовите насади да се произведува органско сертифицирано винско грозје…

Во винарството се предвидува зголемување на извозот на вино во шишиња за 50,а за 10 проценти на наливното вино.

Во лозарството, обновување на насадите за 30 и нивно зголемување за 5 отсто.

Во националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-33, се предвидува и на 4 проценти од лозовите насади да се произведува органско сертифицирано винско грозје.

Цел за десет години да се создадат се и нови селектирани клонови вина за Кратошија, Вранец и Станушина, да има јавно достапен дигитализиран лозарски катастар и развиен вински туризам.

Стратешка цел, е и зајакнување на конкурентноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, искористеност на целиот потенцијал на оваа гранка, создавање препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, со фокусирање на локални сорти и на поднебјето за да се изнајдат и потенцираат нивните најдобри карактеристики.