Во Лао, Виетнам, почна тридневниот самит на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН. Една од главните теми ќе биде мировниот процес во Мјанмар…
Во Лао, Виетнам, почна тридневниот самит на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН.
Една од главните теми ќе биде мировниот процес во Мјанмар. На дневен ред е и ситуацијата во Јужното Кинеско Море, по неодамнешните тензии помеѓу Кина и од друга страна Филипини и Виетнам. Кризата на Блиски Исток и војната во Украина, исто така ќе бидат теми на самитот.
АСЕАН е организација за политичка, економска и културна соработка помеѓу земји од југоисточна Азија, формирана во 1967-та година, на иницијатива на Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур и Тајланд.