Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2024 за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до 30.09.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.10/2024 објавени се 1976 должници – правни лица (помалку за 24 од претходната листа) и 3786 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2024 изнесува 11.042.537.967 денари, (помалку за 64.874.753 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).