Швајцарскиот франк падна на ниво под 1,2 франци за евро, опаѓањето на оваа валута последен пат беше забележано во јануари 2015-та година, непосредно пред одлуката на Централната банка во Швајцарија за укинување на ограничувањето на девизниот курс „EUR/CHF“.
Eврото на одреден период „флертуваше“ на ниво од 1,24 долари, но приносите на долгорочните американски обврзници пружија подршка на доларот. Со тој потег единствената валута е вратена на претходниот ценовен опсег на тргување.
Имаjќи го во предвид растот на приходите на 10 годишните хартии од вредност на САД и тоа преку ноќ, најголемиот еднодневен раст на доларот од 2-ри март беше ограничен. Еврото ослабна за 0,1% на 1,2365 долари, откако претходно имаше раст на ниво од 1,24 долари.
Индексот кој што го следи движењето на доларот во однос на „кошницата“ валути, тргуваше со стабилно ниво од 89,644 поени.