Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 11 октомври (петок) поради прослава на Денот на народното востание.

На 12 октомври ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино, Прилеп и во Охрид.