Нобеловата награда за економски науки оваа година ја добиваат тројца истражувачи – Дерон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс А. Робинсон. Тројцата научници наградата ја добиваат „за истражувања за тоа како настануваат институциите и како тие влијаат врз благосостојбата“, стои во соопштението на Нобеловиот комитет во Стокхолм. „Еден од најголемите предизвици на нашето време“ е намалување на разликите во приходите меѓу земјите, образложи жирито. Носителите на наградата, како што се додава, ја посочиле улогата на социјалните инситуции во тој процес.
Сите тројца добитници работат во САД. 57-годишниот Аџемоглу и 610годишниот Џонсон предаваат на Институтот за технологија Масачусетс (МИТ), а 64-годишниот Робинсон е професор на универзитетот во Чикаго.
Минатата година, наградата ѝ беше доделена на американската економистка Клаудија Голдин за нејзиното истражување за улогата на жените на пазарот на трудот.
Нобеловата награда за економија се доделува од 1969 година. Донирана е од шведската централна банка.