Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 68. 004 пазарноориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1), оствариле вкупен промет од 2 078 605 милиони денари и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008 вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.1 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 25.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9.1 %, Градежништво со 6.3 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.9 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 20.8 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.6 % од вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.4 % од вкупно вработените, тие создале
22.5 % од вкупната додадена вредност.
Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 26.7 % од вработените, создаваат 32.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.3 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија
(со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 39.9 % од вработените и создадоа 45.1 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.