Долгонајавуваниот прв повик за искористување на средствата (околу 50 милиони евра) од третиот столб на Фондот за иновации за подршка на микро, мали и средни претпријатија се очекува за десетина дена, велат извори од Министерството за економија.
Мерките за иновации и технолошки развој, инаку први од ваков тип, беа најавувани пред крајот на 2017, а претставени на почетокот на март, додека за време на истиот месец требаше да биде објавен и првиот повик.
Критериумите се веќе подготвени, а ќе траат до 35 дена. Кофинансираните грантови ќе завземаат и до 70 одсто од трошоците, а најмногу едно претпријатие ќе може да добие и до 30 милиони денари.