Премиерот Андреј Пленковиќ во вторникот во Собранието најави дека од следната година минималната плата во Хрватска ќе изнесува 970 евра. „Бруто минималната плата од 1 јануари ќе биде 970 евра, што е за 130 евра повеќе од сега“, нагласи Пленковиќ. Тоа е околу 752 евра нето месечно, а сега е околу 677 евра нето. Тој вели дека Владата со тоа им помага на оние кои имаат најмалку, објави Даница.хр.

Тој откри дека денеска во Хрватска има околу 100.000 луѓе во Република Хрватска кои примаат минимална плата. Владата со својата одлука и мерка сака нивната плата да биде таква што ќе им овозможи да живеат подостоинствен живот“, посочува Пленковиќ. Тој вети и дека до крајот на мандатот на оваа Влада просечната нето плата ќе биде 1.600 евра. Во септември годинава изнесувала околу 1.350 евра месечно.