Во германската индустрија може да бидат укинати до 300.000 работни места
Германскиот синдикат на работодавачи Gesamtmetall во металуршката и електричната индустрија проценува дека до 300.000 работни места може да бидат укинати во следните пет години.
„Очекувам дека во следните 5 години може да изгубиме од 250.000 до 300.000 работни места во металуршката и електричната индустрија“, рече претседателот на Gesamtmetall, Стефан Волф во интервју за медиумската групација Funke. Истовремено, тој истакна дека има недостиг од работници. „Во овој поглед, ќе мора да работиме повеќе, и покрај кратењето на работните места“, рече претседателот на Гесамтметал.
Претходно германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека на Германија и е потребна работна сила од Европа и од другите земји во светот.